ЕВРОПА ЈА ОДБЕЛЕЖА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ СО ТИВКИ КОМЕМОРАЦИИ

    ЕВРОПА ЈА ОДБЕЛЕЖА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ СО ТИВКИ КОМЕМОРАЦИИНа комеморацијата во Париз присуствуваа само 20-ина луѓе (Фото: ЕПА)

    Со тивки и скромни комеморации поради кризата со коронавирусот, Европа го одбележа Денот на победата над фашизмот. Пред 75 години, огромни маси народ излегоа на улиците за да го прослават крајот на шестгодишната крвава војна, а вчера, европските лидери сами во тишина им се поклонија на жртвите и хероите.

    Францускиот претседател Емануел Макрон положи венец заедно со своите претходници Никола Саркози и Франсоа Оланд пред Триумфалната порта во Париз, а на настанот присуствуваа 20-ина луѓе.

    Дури и Русија ги откажа сите традиционални воени паради и прослави (Фото: АФП)

    Држејќи се на дистанца од 1,5 метри, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер дојдоа заедно на „осамена“ комеморација и положија венец во Ноје Вахе во Берлин.

    „Тоа што сега овдека стоиме сами нѐ враќа во 8 мај 1945 кога Германците исто така беа сами, поразени воено, економски и политички и морално уништени“, изјави Штајнмајер.

    Кралицата Елизабета Втора синоќа преку однапред снимена видеопорака ѝ се обрати на нацијата и ѝ порача „никогаш да не се предава и очајува“.

    Поради коронавирусот и воведениот карантин, Русија ги откажа сите традиционални воени паради и прослави.

    Русија е непобедлива и обединета“, кажа Путин во краткиот говор пред Споменикот на незнајниот војник во близина на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира