ЕВРОПСКА УНИЈА НЕМА ДА ВОВЕДЕ „КОВИД ПАСОШ“ ОТКАКО ТОА ГО ПОБАРАА ГРЦИЈА И ПОРТУГАЛИЈА

    ЕВРОПСКА УНИЈА НЕМА ДА ВОВЕДЕ „КОВИД ПАСОШ“ ОТКАКО ТОА ГО ПОБАРАА ГРЦИЈА И ПОРТУГАЛИЈАЧелниците на ЕУ Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел им препорачаа на жителите на Унијата да ги ограничат патувањата (Фото: Ројтерс)

    Европска Унија нема да воведе „коронавирус пасош“ кој би им овозможил слободно патување на оние кои се вакцинирани против ковид-19, изјави холандскиот премиер Марк Руте по вчерашниот состанок на европските лидери, на кој се дискутирало за ова прашање.

    Земји како Грција и Португалија побараа воведување ваков пасош бидејќи нивните економии во голема мера се зависни од туризмот. Сепак, според Руте, има уште многу прашања, првенствено етички, во врска со вакви пасоши.

    „Нема да носиме избрзани одлуки“, кажа Руте.

    Европските лидери изразија загриженост поради новите варијанти на коронавирус кои потекнуваат од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка. Се смета дека тие се попреносливи, но не и поопасни од оригиналниот вирус и постои загриженост дека актуелните вакцини нема да нудат заштита од некои од нив.

    И покрај тоа, ЕУ нема намера да ги затвора внатрешните граници, но на луѓето им се препорачува да не патуваат ако не е неопходно.

    „Сите несуштински патувања внатре и надвор од границите на Унијата би требало да се избегнуваат“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира