ЕВРОПСКА УНИЈА ОДОБРИ 11 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ ЗА БУГАРИЈА

    ЕВРОПСКА УНИЈА ОДОБРИ 11 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ ЗА БУГАРИЈАВицепремиерот за европски фондови Асен Василев и мандатар за нова бугарска влада. (Фото: Фејсбук)

    Европската комисија го одобри договорот за партнерство со Бугарија во износ од 11 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

    Покрај овие средства, Бугарија до 2027 година ќе има пристап до над 32 милијарди од други фондови на ЕУ.

    Договорот за партнерство опфаќа средства од Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд, Кохезионот фонд, Фондот за праведна транзиција и Европскиот фонд за мориња, рибарство и аквакултура.

    „Ја поздравувам одуката на Европската комисија со која што се одобрува финансирање за Бугарија во износ од 11 милијарди евра. Тие средства се исклучително неопходни за да може земјата да достигне средноевропски животен стандард“, кажа вицепремиерот Асен Василев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира