Европската комисија ќе ги разгледува апликациите за членство во ЕУ од Украина, Грузија и Молдавија. Одлуката за разгледување на апликациите, донесена од амбасадорите на ЕУ, треба да биде потпишана од Европскиот совет – но тоа се опишува како процедурална формалност.
Постојаните претставници на земјите-членки на денешниот состанок разговараа за апликациите, примени во текот на минатата недела, и се согласија да ја поканат Комисијата да презентира мислење за секоја од нив.
Сепак, ова може да потрае – за да се подготви мислењето од Комисијата може да трае до 18 месеци. И ако е успешен, процесот за пристапување во ЕУ обично трае со години.