ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ВОВЕДАТ КОВИД ПАСОШИ ЗА СЛОБОДНО ПАТУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ЕУ

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ВОВЕДАТ КОВИД ПАСОШИ ЗА СЛОБОДНО ПАТУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ЕУНовиот документ ќе се вика Дигитален зелен сертификат и има за цел да го помогне туризмот во Европа (Фото: Ројтерс)

    Европската комисија денеска предложи воведување на сертификати за вакцинирање, што на 450 милиони жители на Европската Унија ќе им овозможи слободно да патуваат низ 27-те земји-членки ова лето.

    Планот, за кој ќе се дискутира на самит на лидерите на ЕУ следната недела, предвидува создавање на таканаречени ковид пасоши кои би го олесниле патувањето од една во друга членка на Унијата.

    За оваа тема се дискутираше со недели и притоа дојде до поделба помеѓу членките. Идејата најгласно ја туркаа оние чии економии на големо се зависни од туризмот, како Грција, Шпанија и Португалија, со цел при влез во земјите да се избегнат тестирања и карантини. Од другата страна на дискусијата беа земји како Франција и Германија, кои сметаа дека е прерано да се воведат ковид пасоши, оценувајќи ги како дискриминирачки, бидејќи мнозинството жители на ЕУ сѐ уште не се вакцинирале против ковид-19.

    Новиот документ ќе се вика Дигитален зелен сертификат и бесплатно ќе го добијат сите државјани на ЕУ кои ќе приложат доказ дека примиле вакцина против ковид-19, но и оние кои имаат негативен тест или го прележале вирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира