ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈАФон дер Лајен кажа дека Украинците и покрај војната длабоко ја реформираат својата земја (Фото: Гети)

    Европската комисија предложи отворање пристапни преговори со ЕУ за Украина и Молдавија, објави денеска претседателката Урсула фон дер Лајен. Комисијата кажа дека пристапни преговори со БиХ ќе бидат отворени откако „ќе биде постигнат потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство“.

    Препорачано е на Грузија да ѝ се додели статус на кандидат за членство зашто земјата спровела одредени реформи.

    „Украина продолжува да се соочува со огромни тешкотии и трагедија предизвикани од руската агресија, па сепак Украинците длабоко ја реформираат својата земја. Украина заврши над 90% од неопходните чекори наведени од Комисијата минатата година, особено во делот на судските реформи и борбата против корупцијата. Останатите реформи се на добар пат и затоа препорачавме да се отворат пристапните преговори“, изјави Фон дер Лајен.

    И покрај негодувањето од Русија, Молдавија кажа дека е посветена кон желбата да ѝ пристапи на ЕУ.

    „Европската Унија е повеќе од унија. Таа е семејство на кое сакаме да му се придружиме. Ќе продолжиме напорно да работиме за да ги исполниме потребните услови за членство“, изјави молдавскиот премиер Дорин Речеан.

    Фон дер Лајен кажа дека и покрај поставените услови, вратите на ЕУ се широко отворени за БиХ.

    „Ја покануваме Босна и Херцеговина да помине низ таа врата“, рече таа.

    Дали предлозите на ЕК ќе бидат прифатени, лидерите на ЕУ ќе одлучат на самитот во декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира