ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДА ДОБИЈАТ КАНДИДАТСКИ СТАТУС

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕПОРАЧА УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДА ДОБИЈАТ КАНДИДАТСКИ СТАТУСФон дер Лајен истакна дека Украина заслужува европска перспектива (Фото: Твитер)

    Европската комисија препорача на Украина и Молдавија да им се додели кандидатски статус за членство во ЕУ. Објавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, следува ден по посетата на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија на Киев.

    „Имаме една јасна порака, а тоа е дека Украина заслужува европска перспектива, Украина треба да добие кандидатски статус. Сепак, многу важна работа мора да се заврши, земјата мора да продолжи со реформите. Целиот процес е заснован на заслуги и целиот напредок зависи исклучиво од Украина. Сè е во нејзини раце“, изјави Фон дер Лајен.

    Препораката е само прв чекор на долгиот пат кон полноправното членство во ЕУ. Таа прво треба да биде прифатена од 27-те членки на блокот, за што ќе се расправа на самитот што ќе се одржи на 23/24 јуни.

    Грузија не доби поддршка од Европската комисија и од неа беше побарано прво да исполни одредени услови.

    „Молдавија е на вистински прореформски, антикорупциски и европски пат. Грузија мора да пронајде политичко единство и да дизајнира јасен пат кон структуралните реформи и ЕУ“, појасни Фон дер Лајен.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира