ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО УКИНА МЕНУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО ЗА ЕДЕН ЧАС

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО УКИНА МЕНУВАЊЕТО НА ВРЕМЕТО ЗА ЕДЕН ЧАСОние што ќе го изберат зимското сметање, за последен пат ќе го менуваат времето во октомври 2021 (Фото: ЕПА)

    Европскиот парламент го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила во 2021 година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

    Според досегашната пракса, сите 28 членки ги поместуваа стрелките на часовникот двапати годишно, што повторно ќе се случи в недела.

    Европската комисија го предложи укинувањето минатата година, откако испитувањето на јавното мислење покажа дека 84% од луѓето го поддржуваат ова.

    Летното сметање на времето е задолжително во ЕУ во 2001 година. За оние што ќе го изберат зимското сметање, последната промена на часовникот ќе се случи на крајот на октомври 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира