ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ОД 1.800 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИ СО ПОЛСКА И УНГАРИЈА

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО УСВОИ БУЏЕТОТ ОД 1.800 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОТКАКО СЕ ДОГОВОРИ СО ПОЛСКА И УНГАРИЈАБрисел сега може да го распредели пакетот од 750 милијарди евра за заздравување од коронавирусот (Фото: Ројтерс)

    Лидерите на Европската Унија го одблокираа буџетот од 1.800 милијарди евра, кој вклучува и финансиски пакет за заздравување од пандемијата на коронавирусот, откако постигнаа компромис со Унгарија и Полска, двете членки кои претходно ставија вето.

    „Сега можеме да почнеме со спроведувањето и повторно да ги изградиме нашите економии. Овој историски пакет за заздравување ќе биде двигател на нашата зелена и дигитална транзиција“, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

    Европската Унија падна во криза откако Унгарија и Полска не го прифатија новиот седумгодишен буџет на гласањето на 16 ноември, спротивставувајќи се на клаузулата која одобрувањето на фондовите го услови со почитување на владеењето на правото и демократските норми. На тој начин беше блокиран и економскиот пакет од 750 милијарди евра, што требаше да се подели меѓу земјите-членки во вид на грантови и заеми.

    Унгарија кажа дека постигнатиот договор спречува буџетот да се користи за политички напади и ги вклучува сите гаранции побарани од Будимпешта и Варшава, додека шведскиот премиер Штефан Левен изјави дека тој не го менува оригиналниот механизам за почитување на владеењето на правото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира