ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“

    ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“Ова е трета одобрена вакцина во ЕУ, по оние на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ (Фото: АП)

    Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија универзитетот Оксфорд и британско-шведската компанија „АстраЗенека“.

    Ова следува додека ЕУ води спор со „АстраЗенека“ околу можното кршење на договорот за испорака на вакцините. За да укаже на ова, Европската комисија денеска го објави договорот.

    Минатата недела, „АстраЗенека“ најави дека испораките би можеле да бидат редуцирани поради проблемите во една од нејзините фабрики во ЕУ.

    „Договорот потпишан во август содржи обврски и бараме објаснување за ваквата одлука на ‘АстраЗенека‘“, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    Ова е трета одобрена вакцина против ковид-19 во ЕУ, по оние на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“. Поради недостиг на доволно податоци, Германија кажа дека вакцината на „АстраЗенека“ ќе ја препорача само за лицата од 18 до 64 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира