ЕВРОПСКИ ОСКАР ЗА „КВАДРАТ“ НА ОСТЛУНД

    ЕВРОПСКИ ОСКАР ЗА „КВАДРАТ“ НА ОСТЛУНД„Квадрат“ на шведскиот автор Рубен Остлунд освои вкупно 6 награди и е апсолутен победник на наградите го доделува Европската филмска академија (ЕФА) познати и како европски оскар (Фото: ЕФА)

    „Квадрат“ на шведскиот автор Рубен Остлунд е најдобар европски филм на 2017 и апсолутен победник на Европските филмски награди што синоќа свечено се доделија во Берлин. Наградите го доделува Европската филмска академија (ЕФА) се познати и како европски оскар, а „Квадрат“ освои и за најдобра комедија, најдобра режија, сценарио, актер за Клас Банг и за продукциски дизајн.

    Европско откритите – наградата ФИПРЕСЦИ ја доби „Леди Макбет“ на дебитантот Вилијам Олдројд, најдобар документарец е „Причесна“ на Ана Замецка, а најдобар анимиран филм е „Саканиот Винсент“ на Дорота Кобиела и Хју Велхман. Александра Борбељи е најдобра актерка за „За тело и душа“ на Илдико Енједи.

    Рускиот автор Александара Сокуров ја доби наградата за животно дело на ЕФА, актерката Џули Делпи доби за европски продонес на светскиот филм, а наградата на публиката за најдобар евроспки филм ја доби „Штефан Цвајг – Збогум Европа“, на Марија Шрадер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира