ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО КАЗНИ АНГЕЛ ЏАМБАСКИ СО 2.000 ЕВРА ЗА НАЦИСТИЧКИОТ ПОЗДРАВ

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО КАЗНИ АНГЕЛ ЏАМБАСКИ СО 2.000 ЕВРА ЗА НАЦИСТИЧКИОТ ПОЗДРАВЏамбаски тврдеше дека неговиот нацистички поздрав во Европскиот парламент бил само невино мавтање. (Фото: принтскрин)

    Бугарскиот европарламентарец Ангел Џамбаски е казнет од Европскиот парламент со 2.000 евра за инцидентот од февруари кога направи нацистички поздрав во пленарната сала. Казната од 2.000 евра е всушност шест дневници.

    На 16 февруари, на дебатата во ЕП во Стразбур, Џамбаски, кој е познат по антимакедонските ставови и гласен поддржувач на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, предизвика скандал со нацистички поздрав пред да си замине од пленарната сала за време на расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија.

    Потоа тој тврдеше дека неговиот нацистички поздрав во Европскиот парламент бил само невино мавтање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира