ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ УСВОИ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ И АКТИВИСТИТЕ ОД НЕОСНОВАНИ И ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ТУЖБИ

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ УСВОИ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ И АКТИВИСТИТЕ ОД НЕОСНОВАНИ И ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ТУЖБИЗаконот ќе ги штити поединците и организациите кои работат на прашања од јавен интерес (Фото: АФП)

    Со 546 гласа „за“ и 47 „против“, Европскиот парламент усвои нов закон кој има за цел да ги заштити новинарите, активистите и академската фела и нивните организации од неосновани и вознемирувачки тужби. Тој ќе ги штити поединците и организациите кои работат на прашања од јавен интерес, како фундаментални права, борба против корупцијата и дезинформациите и заштита на демократијата.

    Заштитата ќе важи за сите прекугранични случаи, освен кога и обвинетиот и тужителот се од истата земја на ЕУ како и судот или кога случајот е релевантен само за една земја-членка.

    Европратениците се погрижија жртвите да бидат позаштитени со воведување на две мерки: предвремено отфрлање на случајот ако е неоснован и можност да се побара од тужителот да ги плати проценетите трошоци на постапката и отштетата. Доколку обвинетиот побара предвремено отфрлање на случајот, тужителот ќе треба да докаже дека постојат основи за негово продолжување. Судот исто така ќе може да наметне други казни за тужителите, кои често се политичари, корпорации и лоби групи, како да им наложи да платат компензација за штетите.

    Ваквите тужби се закана за владеењето на правото и сериозно ја поткопуваат слободата на изразување, информирање и здружување. Тие се форма на правно вознемирување и злоупотреба на правосудниот систем, кои сѐ почесто се користат од моќни поединци и организации“, изјави германскиот европратеник Тиемо Фелкен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира