ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ИСПОРАКИТЕ ПОЧНУВААТ В НЕДЕЛА

    ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ФАЈЗЕР“, ИСПОРАКИТЕ ПОЧНУВААТ В НЕДЕЛАЕвропската агенција за лекови соопшти дека вакцината може да ја примаат лицата од 16 и повеќе години (Фото: АП)

    Европските регулатори ја препорачаа употребата на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“ во 27-те земји-членки на Европската Унија. Таа веќе почна да се дава во Велика Британија, САД и Канада.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека вакцината и формално ќе биде одобрена вечерва, а почетокот на дистрибуцијата на првите дози се очекува најрано в недела.

    Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината покажала ефективност од 95% и дека може да ја примаат лицата од 16 и повеќе години.

    „Денешните позитивни вести се важен чекор во нашата борба против пандемијата, која досега предизвика премногу страдања и тешкотии. Ги уверуваме жителите на Европската Унија дека вакцината е безбедна и ефективна и дека ги исполнува неопходните стандарди за квалитет“, изјави директорот на ЕМА, Емир Кук.

    ЕУ нарача 300 милиони дози од вакцината на „Фајзер“, доволно за вакцинирање на 150 милиони луѓе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира