ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ЈАНСЕН“, ОД КОЈА СЕ ДАВА САМО ЕДНА ДОЗА

    ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ЈА ОДОБРИЈА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА „ЈАНСЕН“, ОД КОЈА СЕ ДАВА САМО ЕДНА ДОЗАНа тестирањата, вакцината покажала ефективност од 67% (Фото: Ројтерс)

    Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача употребата на вакцината против ковид-19 на „Јансен“, за која треба само една доза. ЕМА објави дека постојат цврсти докази за ефективноста, безбедноста и квалитетот на вакцината што ја произведува белгиската компанија „Јансен“, која е во сопственост на „Џонсон и Џонсон“.

    „Ова е прва вакцина од која се користи само една доза. Ова ќе ѝ даде на Европската Унија уште една опција во борбата против пандемијата“, изјави Емир Кук, извршниот директор на ЕМА.

    Резултатите од клиничките тестирања во САД, Јужна Африка и Јужна Америка, во кои учествувале 44.000 волонтери, покажале дека вакцината на „Јансен“ ја спречува појавата на ковид-19 кај лицата над 18 години, а нејзината ефективност изнесува 67%

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира