ЕВРОПСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ВЛАСТИ СОВЕТУВААТ ДА НЕ СЕ ПАТУВА НА МИКОНОС, РОДОС И КРИТ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЕВРОПСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ВЛАСТИ СОВЕТУВААТ ДА НЕ СЕ ПАТУВА НА МИКОНОС, РОДОС И КРИТ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТГрција ги промовираше своите острови како дестинации без коронавирус (Фото: Гети)

    Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) ги означи јужноегејските острови со темноцрвено на својата ковид мапа по последниот пораст на бројот на нови случаи на коронавирус, советувајќи да се избегнуваат сите несуштински патувања од и кон регионот.

    Во групата од 13 острови влегуваат некои од најпопуларните дестинации во Грција за странските туристи, како Миконос, Санторини и Родос, кои заедно привлекуваат милиони луѓе секое лето.

    Во обид да ги привлече странските туристи ова лето, Грција ги промовираше своите острови како дестинации без коронавирус. И покрај солидната бројка посети во јуни, неизвесно е како ќе се одвива остатокот од летната туристичка сезона.

    „Чекаме да видиме како ќе реагираат туристичките пазари“, вели Манолис Маркопулос, претседателот на здружението на хотелиери на Родос, каде што повеќе од 90% од туристите се странци, најмногу Германци и Британци.

    ЕЦДЦ, која е агенција на Европската Унија, минатата недела го означи со темноцрвено и најголемиот грчки остров Крит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира