ФЕЈСБУК ОТСТРАНИЛ СТОТИЦИ РУСКИ СТРАНИЦИ ПРЕКУ КОИ СЕ ШИРЕЛЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕТО

    ФЕЈСБУК ОТСТРАНИЛ СТОТИЦИ РУСКИ СТРАНИЦИ ПРЕКУ КОИ СЕ ШИРЕЛЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕТОСтраниците се поврзуваат со инфлуенсерската маркетинг агенција „Фазе“

    Фејсбук отстранил стотици страници за кои вели дека служеле за ширење дезинформации за вакцинирањето, а кои биле водени од Русија. Главна цел на оваа мрежа биле Индија, Јужна Америка и САД.

    Тие се обидувале да ангажираат инфлуенсери за да шират лажни тврдења и да ја поткопаат довербата на јавноста во вакцини, првенствено против ковид-19, објави компанијата.

    „Пронајдовме врска помеѓу мрежата и кампања за ширење дезинформации на инфлуенсерската маркетинг агенција ‘Фазе‘, која е дел од компанијата ‘Еднау‘, чие седиште е во Русија“, соопшти Фејсбук.

    Минатиот месец, Би-Би-Си откри дека „Фазе“ нудел пари на инфлуенсери за да шират лажни тврдења за ризици поврзани со вакцината на „Фајзер“.

    Според Фејсбук, ова е вториот бран обиди на мрежата да ги оцрни западните вакцини против ковид-19. Во ноември 2020, мрежата се обиде да прошири лажни информации и за вакцината на „АстраЗенека“.

    Фејсбук кажа дека отстранил 65 страници на Фејсбук и 243 на Инстаграм, поврани со лажни профили создадени во Пакистан и Бангладеш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира