„ФЕЈСБУК“ ПЛАНИРА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО И ДА СЕ ФОКУСИРА НА ВИРТУЕЛНАТА РЕАЛНОСТ

    „ФЕЈСБУК“ ПЛАНИРА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО И ДА СЕ ФОКУСИРА НА ВИРТУЕЛНАТА РЕАЛНОСТМарк Закерберг планирал да ја соопшти одлуката за промената на името на 28 октомври (Фото: Гети)

    „Фејсбук“ планира да си го промени името, со цел компанијата веќе да не ја поистоветуваат само со социјалната мрежа. Веста ја објави американскиот сајт за технологија „Верџ“, повикувајќи се на извор кој директно е упатен во проблематиката.

    „Фејсбук“ кратко се огласи дека не коментира шпекулации или гласини.

    Основачот и извршен шеф на „Фејсбук“, Марк Закерберг, планирал да ја соопшти одлуката за промената на името на конференцијата на компанијата на 28 октомври. Според „Верџ“, со ребрендирањето на „Фејсбук“, истоимената социјална мрежа би станала само еден од многуте производи на компанијата, како што се и Инстаграм, Вотсап и Окулус. „Фејсбук“ вели дека има 2,8 милијарди дневни корисници на своите производи.

    „Верџ“ пренесува дека идниот фокус на виртуелната реалност е главниот повод за промената на името. „Фејсбук“ веќе го најави развојот на онлајн светот наречен метаверзум, кој треба да биде столб на натамошниот раст на компанијата. „Фејсбук“ планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија за да развие метаверзум, во кој што луѓето можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелно окружување, користејќи уреди за виртуелна реалност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира