ФРАНЦИЈА ГИ ЗАБРАНИ ПАТУВАЊАТА И ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА И ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ДА ГО СОПРЕ ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТА

    ФРАНЦИЈА ГИ ЗАБРАНИ ПАТУВАЊАТА И ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА И ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ДА ГО СОПРЕ ТРЕТИОТ БРАН НА ПАНДЕМИЈАТАВо телевизиско обраќање, Макрон ја опиша ситуацијата во Франција како деликатна (Фото: АП)

    Франција ќе ги затвори училиштата на најмалку три недели како дел од новите национални рестрикции кои имаат за цел да го сопрат третиот бран на пандемијата на коронавирусот. Во телевизиско обраќање, претседателот Емануел Макрон кажа дека училиштата ќе се префрлат на онлајн настава од следната недела.

    Од сабота се затвораат и сите несуштински продавници и се воведува забрана за патувања десет километри од местото на живеење.

    Ова следува откако Франција го достигна врвот со 5.000 ковид пациенти на интензивна нега. Во земјата денеска беа регистрирани речиси 60.000 нови случаи на зараза, додека бројот на починати од ковид-19 се искачи на 95.495.

    „Ситуацијата е деликатна и април ќе биде клучен. Ќе ја изгубиме контролата доколку не реагираме сега. Ова е трка помеѓу вакцинирањето и обидите да се стави контрола врз ширењето на вирусот“, изјави Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира