ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СТРАВУВААТ ДЕКА БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС НАСКОРО БИ МОЖЕЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА

    ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СТРАВУВААТ ДЕКА БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС НАСКОРО БИ МОЖЕЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛАВо француските болници се лекуваат 26.000 пациенти со ковид-19 (Фото: Ројтерс)

    Француската влада по третпат би можела да воведе национален карантин во наредните денови откако актуелниот 12-часовен полициски час, кој трае од 18 до шест часот, не успеал значително да го намали ширењето на коронавирусот.

    Точно една година откако Франција го регистрираше првиот случај на зараза, Жан-Франсоа Делфреси, шефот на научниот совет кој ја советува француската влада околу ковид-19, изјави дека оваа недела ќе биде критична и дека ситуацијата во земјата е вонредна. Тој ја повика владата да преземе итна акција поради грижите околу ширењето на новиот сој на коронавирус.

    „Податоците кажуваат дека на новиот, попренослив сој, кој првпат беше идентификуван во Велика Британија, сега отпаѓаат од седум до девет отсто случаи на зараза во некои региони и ќе биде тешко да се запре. Новите варијанти се рамни на втора пандемија. Ако не ги заостриме мерките, ќе се најдеме во крајно тешка ситуација до средина на март“, изјави Делфреси.

    Француската влада ќе се состане в среда, кога ќе решава дали има потреба од воведување нови мерки.

    И Германија стравува дека новиот сој би можел да стане доминантен во земјата.

    „Новиот сој би можел да создаде проблеми и затоа е важно значително да ја намалиме стапката на заразата. Веќе се соочуваме со новиот сој во некои болници, што значи дека тој е пристигнат во земјата и во еден момент ќе стане доминантен“, кажа шефот на кабинетот на Ангела Меркел, Хелге Браун.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира