ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 7.000 ВОЈНИЦИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАТРОЛИ ПО ИСЛАМИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ШКОЛО ВО АРАС

    ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРА 7.000 ВОЈНИЦИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАТРОЛИ ПО ИСЛАМИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ШКОЛО ВО АРАСВчера 20-годишен исламистички радикал смртно избоде наставник и тешко рани уште двајца во напад во училиште во Арас, северна Франција. (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон нареди да се мобилизираат 7.000 војници за зголемени безбедносни патроли, соопшти денеска неговиот кабинет, еден ден откако наставник беше избоден до смрт во исламистички напад. Франција вчера беше ставена во највисока безбедносна готовност, откако 20-годишен маж, со чеченско потекло и следен како исламистички радикал, смртно избоде наставник и тешко рани уште две лица во напад во училиште во градот Арас во северна Франција.

    Кабинетот на Макрон соопшти дека војниците ќе бидат мобилизирани до понеделник навечер до понатамошно известување, како дел од тековната операција која редовно спроведува патроли во главните градски центри и туристички места. Безбедносното предупредување е во време кога Франција е домаќин на Светското првенство во рагби и вечерва се подготвува да се соочи со Јужна Африка во четвртфиналето.

    Франција беше цел на низа исламистички напади во текот на годините, од кои најлошиот беше симултаниот напад од вооружени лица и бомбаши самоубијци на места за забава и кафулиња во Париз во ноември 2015.

    Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин вчера рече дека нападот во Арас има врска со настаните на Блискиот Исток, каде што Израел спроведува воена офанзива за искоренување на борците на Хамас по нивните смртоносни напади во Израел минатата сабота.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира