ФРАНЦИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НАЈМНОГУ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА

    ФРАНЦИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НАЈМНОГУ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТАВладата планира да ги претстави новите мерки на специјална седница во понеделник. (Фото: ДПА)

    Франција регистрираше најголем број дневни нови случаи на ковид-19 во саботата, откако властите соопштија дека се регистрирани 104.611 нови случаи изминатите 24 часа.

    Со оглед на драстично зголемени бројки, француската влада најави дека ќе ги затегне правилата за пристап до одредени објекти, како ресторани и културни институции.

    Во моментов, за влез е потребно да прикаже доказ за вакцинација, прележаност или негативен тест, но наскоро нема да се прифаќа негативен тест.

    Владата планира да ги претстави новите мерки на специјална седница во понеделник.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира