ФРАНЦУЗИТЕ СО СОЛЗАВЦИ И НАПАДИ НА ПОЛИЦИЈАТА ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ РЕФОРМАТА НА МАКРОН

    ФРАНЦУЗИТЕ СО СОЛЗАВЦИ И НАПАДИ НА ПОЛИЦИЈАТА ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ РЕФОРМАТА НА МАКРОНПротестите за 1 Мај се совпаднаа со протестите против реформата на пензискиот систем на Макрон. (Фото: АП)

    Француската полиција се судри со демонстранти облечени во црно за време на радикалните протести за 1 Мај во Париз и другите големи градови, организирани од синдикатот против зголемувањето на старосната граница за пензионирање на претседателот Емануел Макрон. Синдикатите оценија дека ова е најголем протест за 1 Мај досега во Франција.

    Полицијата беше гаѓана од демонстрантите, кои фрлаа и солзавци, беа запалени велосипеди, а бea искршени и автобуски  постојки.

    Немири избувнаа и во Лион, каде беа запалени неколку возила, а некои деловни простории беа уништени. Во Нант во западна Франција, пожар пламнал пред зградата на локалната администрација.

    Макрон минатиот месец ја подигна старосната граница за пензионирање за две години на 64 години и покрај штрајковите во повеќе сектори. Овој потег  ја намали неговата популарност на речиси рекордно ниско ниво забележано уште за време на кризата на „Жолтите елеци“ во 2018-2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира