ГЕНЕРАЛ ОД ЕМИРАТИ ОБВИНЕТ ЗА ТОРТУРА СТАНА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНТЕРПОЛ

    ГЕНЕРАЛ ОД ЕМИРАТИ ОБВИНЕТ ЗА ТОРТУРА СТАНА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИНТЕРПОЛАхмед Насер ал-Раиси е шеф на безбедносните сили во својата земја (Фото: Ипикселпро)

    Генерал од Емирати обвинет за тортура е избран за нов претседател на Интерпол, и покрај критиките од организации за човекови права и членови на Европскиот парламент.

    „Ахмед Насер ал-Раиси од Обединетите Арапски Емирати е избран за нов претседател“, соопшти Интерпол на Твитер.

    Шефот на безбедносните сили на ОАЕ ќе јз иавршува оваа функција во наредните четири години. Оваа функција е главно церемонијална и доброволна, а со секојдневните активности на организацијата раководи генералниот секретар Јирген Шток, кој во 2019 го доби вториот петгодишен мандат.

    Ал-Раиси, кој го надгледува и затворскиот систем во својата земја, е предмет на повеќе тужби за тортура во Велика Британија, Шведска, Турција, Франција и Норвешка.

    „Изборот на Ал-Раиси ќе го поткопа угледот на Интерпол и сериозно ќе се одрази врз способноста на организацијата ефективно да ги спроведува своите мисии“, предупредија тројца европарламентарци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира