ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ 1.500 АНТИТЕНКОВСКИ И ПРОТИВВОЗДУШНИ РАКЕТИ ВО УКРАИНА, КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ ВЕЛИ ДЕКА МОРА ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ПРОТИВ АРМИЈАТА НА ПУТИН

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ 1.500 АНТИТЕНКОВСКИ И ПРОТИВВОЗДУШНИ РАКЕТИ ВО УКРАИНА, КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ ВЕЛИ ДЕКА МОРА ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ПРОТИВ АРМИЈАТА НА ПУТИНДо денеска, Германија имаше политика да не испраќа оружје во воена зона. - Германскиот канцелар Олаф Шолц (Фото: Твитер)

    Германија ќе испрати 1.000 противтенковски оружја и 500 противвоздушни ракети Стингер во Украина, која се бори против руската инвазија. Германскиот канцелар Олаф Шолц се реши на ваков чекор откако над 20 земји од ЕУ и НАТО, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, се согласија да испратат оружје, медицински залихи и друга воена помош во Украина.

    Опишувајќи го рускиот напад како „пресвртна точка“, Шолц кажа: „Наша должност е да направи сè што можеме да ѝ помогнеме на Украина против инвазивната армија на Путин. Затоа испраќаме 1.000 противтенковски оружја и 500 ракети Стингер на нашите пријатели во Украина“.

    До денеска, Германија имаше политика да не испраќа оружје во воена зона.

    Британскиот министер за одбрана Бен Волас во петокот вечер организираше донаторска конференција за воена помош за Украина. 25 земји учествуваа на виртуелниот состанок и сите се согласија да дадат помош.

    Холандија кажа дека ќе испрати 200 ракети Стингер во Украина, додека Белгија соопшти дека испраќа 2.000 автоматски пушки и 3.800 тони гориво.

    САД денеска исто така соопштија дека ја зголемуваат помошта, одобрувајќи нови 350 милиони евра за зајакнување на украинската одбрана.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира