ГЕРМАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ УКИНЕ КОРОНАМЕРКИТЕ ВО АВГУСТ ОТКАКО СИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОНУДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ

    ГЕРМАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ УКИНЕ КОРОНАМЕРКИТЕ ВО АВГУСТ ОТКАКО СИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОНУДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕДо неделата, 56,5% Германци примиле барем една доза од вакцината (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сите коронамерки во Германија би требало да бидат укинати откако вакцината ќе им се понуди на сите, изјави министерот за надворешни работи Хајко Мас.

    „Ова го очекуваме во текот на август. Откако сите ќе добијат понуда за вакцинирање, веќе нема да има никакво законско или политичко оправдување за рестрикциите“, кажа Мас.

    Ангела Меркел претходно вети дека вакцината ќе им биде понудена на сите до 21 септември, додека министерот за здравство Јенс Шпан кажа дека ова најрано би можело да се случи до крајот на месецот.

    Ковид вакцините засега не се одобрени за децата до 12 години, а Германското здружение на имунолози (ДГИ) предупреди дека колективниот имунитет можеби нема да може да се постигне без да се имунизираат и младите.

    „Вообичаено, тој се постигнува кога се вакцинирани меѓу 60% и 70% од населението. Сепак, делта сојот ја комплицира ситуацијата. Тој е многу позаразен и ги погодува децата и тинејџерите. Сè додека оваа група не е вакцинирана барем делумно, нема да имаме колективен имунитет“, вели потпретседателот на ДГИ, Рајнхолд Ферстер.

    До неделата, 56,5% Германци примиле барем една доза од вакцината, а 38,9% се целосно имунизирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира