ГЕРМАНИЈА РАЗМИСЛУВА ДА НАРАЧА КИНЕСКИ И РУСКИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ДА ЈА ЗАБРЗА ИМУНИЗАЦИЈАТА

    ГЕРМАНИЈА РАЗМИСЛУВА ДА НАРАЧА КИНЕСКИ И РУСКИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ДА ЈА ЗАБРЗА ИМУНИЗАЦИЈАТАСамо два милиона Германци досега примиле вакцина против ковид-19 (Фото: АП)

    Германија е подготвена да нарача кинески и руски вакцини против ковид-19, со цел да го забрза процесот на имунизација во земјата.

    Само два милиона Германци досега се вакцинирани против ковид-19, наспроти 10 милиони луѓе во Велика Британија и министерот за здравство Јенс Шпан кажа дека би можеле да дозволат увоз на кинески и руски вакцини ако ги задоволат безбедносните проверки на Европска Унија.

    „Ако една вакцина е безбедна и ефективна, без разлика од која држава доаѓа, таа би можела да помогне во борбата против пандемијата“, изјави Шпан.

    Вакцините „спутник“ и „синовак“ досега не се тестирани според западни стандарди и претходно не биле земени предвид во германските планови за имунизација. Унгарија е единствената земја од ЕУ која одобри употреба на руска и кинеска вакцина против ковид-19, за што беше критикувана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира