ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА КОНТРОЛИ НА ГРАНИЦИТЕ СО ПОЛСКА, ЧЕШКА И ШВАЈЦАРИЈА

    ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА КОНТРОЛИ НА ГРАНИЦИТЕ СО ПОЛСКА, ЧЕШКА И ШВАЈЦАРИЈАЦелта на овој потег е поефективна борба против криумчари и откривање и спречување на нелегални влегувања (Фото: Гети)

    Германија ги забрзува своите планови за воведување фиксни гранични контроли кон Полска, Чешка и Швајцарија, изјавија од владата. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер објави дека денеска ја известила Европската комисија за ова, што ќе значи можно воведување полициски проверки на границите на Германија со трите соседни држави.

    Такви проверки постојат на границата со Австрија уште од 2015.

    Целта на овој потег е поефективна борба против криумчари и откривање и спречување на нелегални влегувања.

    И неколку други држави од Шенген зоната веќе го известија Брисел за вакви планови. Така Франција има воведено проверки на границите со Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија поради ризикот од тероризам и нелегалната миграција преку медитеранската и балканската рута. Сепак, Французите не проверуваат насекаде деноноќно, туку селективно и приспособено на ситуацијата. Во иднина, тоа веројатно ќе биде случај и на границите на Германија со Чешка, Полска и Швајцарија.

    Миграцијата стана уште пожешка тема во Германија со порастот на популарноста на крајната десница. Од почетокот на јануари до крајот на септември, 233.744 луѓе побарале азил во Германија, што е за 73% повеќе во однос на истиот период лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира