ГЕРМАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРОБОДЕН СО НОЖ ОТИ ПРИМИЛ ПРЕМНОГУ БЕГАЛЦИ

    ГЕРМАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРОБОДЕН СО НОЖ ОТИ ПРИМИЛ ПРЕМНОГУ БЕГАЛЦИНападот врз Андреас Холштајн, градоначалникот на Алтена, е опишан како политички мотивиран (Фото: Гети)

    Ангела Меркел го осуди „политички мотивираниот“ напад врз градоначалникот на Алтена, кој беше прободен со нож поради неговиот либерален пристап кон бегалците.

    Андреас Холштајн, кој доаѓа од редовите на Христијанско-демократската унија на Меркел, беше прободен во врат во еден турски ресторан од страна на пијан маж, кој мавтајќи со 30 сантиметри голем нож, ја критикуваше неговата азилантска политика.

    „Згрозена сум од нападот врз Андреас Холштајн, но и среќна, затоа што тој повторно ќе може да биде со своето семејство. Им благодарам на сите кои му помогнаа“, ја пренесе изјавата на Меркел нејзиниот портпарол Штефен Зајберт.

    Алтена привлече голем интерес во германските медиуми, откако прими повеќе бегалци од предвидената национална квота.

    Напаѓачот врз Холштајн е уапсен и обвинет за обид за убиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира