ГЕРМАНСКИ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ПРАТЕНИК БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН НА УЛИЦА ВО БРЕМЕН

    ГЕРМАНСКИ КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ПРАТЕНИК БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН НА УЛИЦА ВО БРЕМЕНПолицијата верува дека нападот врз Франк Магниц е политички мотивиран (Фото: ЕПА)

    Пратеникот од редовите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Франк Магниц, е претепан и сериозно повреден во нападот што полицијата го опиша како „политички мотивиран“.

    Лидерот на Алтернативата за Германија во Бремен бил нападнат од тројца луѓе во центарот на овој северногермански град, во моментите кога си заминувал од новогодишен прием во музејот „Кунтсхале“. Како што соопшти неговата партија, Магниц бил удрен неколку пати со парче дрво, а откако паднал онесвестен, напаѓачите продолжиле да го удираат на земја.

    „Тој беше претепан речиси до смрт“, изјави лидерот на АфД, Јерг Митен.

    Тие додаваат дека во нападот учествувале три маскирани лица, кои избегале кога интервенирал еден градежен работник.

    „Имајќи ја предвид работата на жртвата, веруваме дека овој напад има политички мотиви“, објави полицијата на Бремен.

    Алтернатива за Германија првпат влезе во Бундестаг по изборите во септември, кога освои 94 места.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари