Германските доктори од интензивна нега предупредуваат дека единствен начин да спречи преплавување на болниците додека земјата се справува со трет бран на инфекции од коронавирусот е двонеделен строг карантин.
„Потребен е микс од строг карантин, вакцинација и тестирања за да се спречи преплавување на одделенијата за интензивна нега“, кажа Кристијан Карајанидис, шеф на Германската асоцијација за интензивна нега и итна помош.
Тој ги повика политичарите да ги запрат најавените отворања на земјата, која се соочува со рапидно зголемување на бројот на нови случаи на ковид-19.
„Барам од политичарите да не го оставаат на цедило медицискиот персонал“, додаде Карајанидис.
Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти највисока бројка на заразени на 100.000 жители уште од средината на јануари – 124,9. Вчера, оваа бројка беше 119,1.