ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ ЈА ПОВИКАА МЕРКЕЛ ДА ВОВЕДЕ СТРОГ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИН

    ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ ЈА ПОВИКАА МЕРКЕЛ ДА ВОВЕДЕ СТРОГ ДВОНЕДЕЛЕН КАРАНТИНЛекарите предупредуваат дека за помалку од четири недели болниците ќе го достигнат максималниот капацитет (Фото: Ројтерс)

    На Германија итно ѝ требаат строг двонеделен карантин, забрзување на вакцинирањето и задолжителни тестирања во училиштата за да го скрши третиот бран на пандемијата на коронавирусот, порача Здружението на лекари од интензивна нега и итни служби (ДИВИ).

    Шефот на ДИВИ, Кристијан Карајанидис, вели дека од средина на март на одделенијата за интензивна нега има илјада нови пациенти со ковид-19, а вкупно 3.680 низ цела Германија.

    „Ако оваа стапка продолжи, за помалку од четири недели ќе го достигнеме максималниот капацитет. Ние ни малку не претеруваме. Нашите предупредувања се засновани на бројки“, кажа Карајанидис.

    Канцеларката Ангела Меркел се соочи со големи критики за неуспехот да направи план за запирање на ширењето на коронавирусот, при што ги обвини некооперативните премиери на сојузните покраини за хаотично управување со кризата.

    Во земјата денеска се регистрирани нови 24.300 случаи на зараза, што е најголем дневен пораст од 14 јануари, а починале уште 201 лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира