ГЕРМАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГО БЛОКИРАА ЦЕНТАРОТ НА БЕРЛИН СО ИЛЈАДНИЦИ ТРАКТОРИ И КАМИОНИ

    ГЕРМАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ГО БЛОКИРАА ЦЕНТАРОТ НА БЕРЛИН СО ИЛЈАДНИЦИ ТРАКТОРИ И КАМИОНИЗемјоделците протестираат повеќе од една недела против плановите на владата за зголемување на даноците за земјоделските активности (Фото. ДПА)

    Илјадници трактори и камиони заедно со 10.000 луѓе ја блокираа авенијата која води кон Бранденбуршката порта во Берлин, што е кулминација на еднонеделните протести на земјоделците против плановите на владата за зголемување на даноците за земјоделските активности.

    Возилата и ноќеска доаѓаа од цела Германија, откако полицијата уште синоќа предупреди дека авенијата е веќе полна, повикувајќи ги демонстрантите да се собираат и на други локации.

    „Без стабилност во селата, без земјоделство, нашата земја нема иднина. Затоа сме подготвени да излеземе на улица“, рече претседателот на Синдикатот на земјоделците, Јоаким Руквид, пред Бранденбуршката порта.

    Протестите се зголемија како одговор на владината одлука за постепено укинување на даночното олеснување за дизелот за земјоделството додека се обидуваше да го избалансира буџетот за 2024. Соочена со жестоки реакции, владата веќе се согласи да не ги укинува даночните олеснувања за новите земјоделски возила и да го прошири укинувањето на субвенциите за земјоделскиот дизел во текот на неколку години, но земјоделците, поддржани од опозициските конзервативци и екстремната десница, велат дека ова не е доволно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира