ГЕРМАНЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ДА ОДАТ НА ОДМОР ВО ШПАНИЈА И ГРЦИЈА ОВА ЛЕТО

    ГЕРМАНЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ДА ОДАТ НА ОДМОР ВО ШПАНИЈА И ГРЦИЈА ОВА ЛЕТОПлажите во Шпанија се празни овие денови (Фото: Гети)

    Германците можеби ќе можат да одат на летен одмор во странство, изјави федералниот комесар за туризам Томас Барајс, додека италијанскиот премиер Конте исто така изрази надеж дека Италијанците ова лето ќе можат да уживаат во одмор, но само доколку коронавирусот биде ставен под контрола.

    „Ако ширењето на заразата остане под контрола, луѓето ќе можат да одат на одмор во странство за четири до осум недели“, вели Барајс.

    Запрашан во кои земји Германците би можеле да патуваат, тој одговори:

    „Оние до кои што може да се стигне со автомобил, како Австрија, Франција, Полска, Белгија или Холандија, но сега-засега не би ги отпишал и патувањата до подалечните дестинации, како Мајорка или грчките острови“.

    И грчкиот министер за туризам Харис Теохарис изјави дека неговата земја планира постепено да се отвори за странски посетители.

    „Патувањето по копно во прв момент ќе биде побезбедно отколку со авион и тие туристи први ќе ни дојдат. Нашето мото ова лето ќе биде дека Грција е земја без коронавирус“, кажа тој.

    Францускиот претседател Макрон е попретпазлив, па кажа дека евентуално планирање летен одмор ќе биде можно дури и од јуни.

    „Меѓународните летови ќе бидат ограничени, дури и во летните месеци“, вели Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира