Американскиот новинар Иван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан вчера се вратија во САД, неколку часа откако беа ослободени од затвор во Русија во најголемата размена на затвореници меѓу двете земји од Студената војна. Белата куќа соопшти дека преговарала за размената со Русија, Германија и Словенија, Норвешка и Полска. Договорот, кој се работеше во тајност повеќе од една година, вклучува 24 затвореници – 16 кои се преселиле од Русија на Запад и осум вратени во Русија од Запад. Меѓу нив е и Вадим Красиков, осуден за убиство на протеран чеченски дисидент во Берлин, соопшти германската влада.
Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави договорот како „подвиг на дипломатија и пријателство“ и ги пофали сојузниците на Вашингтон за нивните „храбри и смели одлуки“. „Денес е моќен пример за тоа зошто е од витално значење да се има пријатели во овој свет“, рече Бајден.
Бајден и потпретседателката Камала Харис ги поздравија ослободените Американци Гершкович, Вилан и новинарката Алсу Курмашева, како и рускиот дисидент и жител на САД Владимир Кара-Мурза, при пристигнувањето во заедничката база Ендрус, Мериленд, непосредно пред полноќ. Бајден ја извади значката од реверот и му ја даде на Вилан додека се симнуваше од авионот. Договорот ѝ дава на администрацијата на Бајден-Харис значаен дипломатски успех за претседателската кампања. Харис го пофали лидерството на Бајден за изведувањето на сложената размена на затвореници, и рече дека тоа е доказ за американското лидерство.
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со затворениците кои се вратија во Русија при нивното пристигнување во Москва, ви рече дека ќе им бидат доделени државни награди. Размената, исто така, претставува победа за Путин, кој и претходно кажа дека сака да го врати Красиков. „Вашата татковина ниту еден момент не ве заборавила“, им рекол тој на повратниците во Русија. Красиков е полковник во руската безбедносна служба ФСБ, кој отслужуваше доживотна затворска казна за убиство на прогонет чеченско-грузиски дисидент во парк во Берлин.
Договорот се чини дека е еднократна размена што не ги ресетира антагонистичките односи меѓу САД и Русија, кои нагло се влошија по руската инвазија на Украина во 2022. Американскиот заменик-советник за национална безбедност Џон Фајнер рече дека односите Вашингтон-Москва остануваат „во многу тешка состојба“ и покрај размената. „Немаше доверба во овој однос и во преговорите“, рече Фајнер.
Критичарите рекоа дека ослободувањето на Русите осудени за сериозни злосторства може да поттикне поголемо земање американски заложници.Трамп, кој за време на неговиот претседателски мандат, исто така, се интересираше за заложниците и неправедно затворени Американци, на јунската дебата со Бајден тврдеше дека ќе го ослободи Гершкович веднаш штом победи на изборите. Вчера, тој го омаловажи договорот со неточна информација дека САД ѝ дале пари на Русија за договорот.
„Дали ослободуваме убијци и насилници? Само сум љубопитен затоа што никогаш не склучуваме добри зделки, за ништо, а особено за размена на заложници“, напиша Трамп на неговаа социјална мрежа Трут соушал.