ГЛАСАЧИТЕ НА ТВИТЕР ПОБАРАА ОД МАСК ДА ПРОДАДЕ 10% ОД СВОИТЕ АКЦИИ ВО „ТЕСЛА“ ЗА ДА ПЛАТИ ДАНОК

    ГЛАСАЧИТЕ НА ТВИТЕР ПОБАРАА ОД МАСК ДА ПРОДАДЕ 10% ОД СВОИТЕ АКЦИИ ВО „ТЕСЛА“ ЗА ДА ПЛАТИ ДАНОКМаск вети дека ќе ги почитува резултатите од гласањето (Фото: Гети)

    Гласачите на Твитер го повикаа Илон Маск да продаде 10% од своите акции во „Тесла“ со цел да плати данок. Повеќе од 3,5 милиони корисници на Твитер учествуваа во анкетата организирана од самиот Маск и 58% од нив се изјаснија за продажба на акциите, чија вредност се проценува на 21 милијарда долари.

    Еден од најбогатите луѓе на светот претходно вети дека ќе ги почитува резултатите од гласањето, како одговор на „милијардерскиот данок“, предложен од американските демократи. Тој засега не го коментирал исходот на гласањето, ниту како и кога би ги продал акциите. Ако го оствари ветувањето, тој ќе добие и огромна сметка за данок.

    Во саботата, Маск кажа дека нема земено плата и бонуси од ниедна своја компанија, што значи дека нема приходи за кои мора да плати данок. Сепак, тој има добиено милијарди долари преку пакети за компензација кои се поврзани со остварувањето на целите на компанијата и вредноста на акциите.

    Според планот предложен од Демократската партија, милијардерите би биле оданочувани и за неостварени добивки кога цената на акциите оди нагоре, дури и ако не продале ниедна своја акција. Ова би можело да погоди 700 милијардери во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира