ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА УКРАИНА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА ПРЕД НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ И ГИ ОБВИНИ АНТИКОРУПЦИСКИТЕ ОРГАНИ ЗА КОРУПЦИЈА

    ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА УКРАИНА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА ПРЕД НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ И ГИ ОБВИНИ АНТИКОРУПЦИСКИТЕ ОРГАНИ ЗА КОРУПЦИЈАРуслан Кравченко пред неколку дена поднесе оставка поради корупциски скандал (Фото: Гети)

    Украинскиот главен обвинител Руслан Кравченко ја напуштил земјата во текот на ноќта, објавија медиумите, само неколку дена откако поднесе оставка поради корупциски скандал. Тој наводно заминал за Полска.

    Тој денеска упати обвинувања против украинските антикорупциски органи, повикувајќи ги нивните раководители да поднесат оставка.

    „Покренати се истраги против шефот на антикорупциската агенција НАБУ“, вели Кравченко во видео објавено на социјалните мрежи.

    Тој тврди дека шефот на НАБУ, Семен Кривонос, фалсификувал службени документи за да стекне огромни незаконски придобивки. Кравченко зборуваше и за истраги против друга агенција задолжена за борба против корупцијата.

    Кравченко изјави дека е на службено патување во странство. Невладината организација „Центар за борба против корупција“ тврди дека претседателот Володимир Зеленски му дозволил да ја напушти земјата и покрај тековните истраги.

    Зеленски реагираше неполн час по објавувањето на видеото на Кравченко.

    „Постои само еден пат за овој главен обвинител: разрешување од функцијата. Токму тоа му го кажав“, напиша Зеленски на Телеграм и ги повика пратениците да го поддржат разрешувањето закажано за утре.

    И покрај тоа што од 2014 година, со помош на западот, се формирани неколку антикорупциски агенции, експертите од организацијата „Транспаренси интернешнал“ ја сметаат Украина за една од најкорумпираните земји во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира