ГЛАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА ЛУГАНСК УБИЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА

    ГЛАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА ЛУГАНСК УБИЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАРуските медиуми потврдија дека меѓу загинатите е и главниот обвинител Сергеј Горенко

    Главниот обвинител на сепаратистичката Народна Република Луганск и неговиот заменик загинале во експлозија во нивните канцеларии, потврдија локалните власти.

    Според првичните информации, главниот обвинител на НРЛ Сергеј Горенко им подлегнал на повредите здобиени во експлозија во неговата канцеларија“, изјави портпаролот на итните служби.

    Руската новинска агенција ТАСС објави дека загинала и заменичката на Горенко, Екатерина Стегленко. Локалните власти велат дека експлозијата била предизвикана од бомба.

    Импровизирана експлозивна направа експлодирала во зградата. Ова е очигледно терористички напад“, изјави офицер на народната милиција на НРЛ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира