ЃОКОВИЌ ЌЕ БИДЕ ДЕПОРТИРАН ОД АВСТРАЛИЈА, СУДОТ МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА

    ЃОКОВИЌ ЌЕ БИДЕ ДЕПОРТИРАН ОД АВСТРАЛИЈА, СУДОТ МУ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТАЃоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, но сега веќе нема да може да ја брани титулата. (Фото: Гети)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија, откако Федералниот суд утринава ја потврди одлуката на владата за поништување на визата. Австралиската влада смета дека 34-годишниот Ѓоковиќ, кој не е вакциниран против ковид-19, е закана за јавното здравје.

    Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата.

    „Екстремно сум разочаран од пресудата на судот да ја отфрли мојата апликација за разгледување на одлуката на министерот да ја поништи мојата виза, што значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралијан опен. Ја почитувам пресудата на судот и ќе соработувам со надлежните власти во врска со моето заминување од земјата. Не ми е пријатно што фокусот изминатите недели беше на мене и се надевам дека сега сите ќе можеме да се фокусираме на спортот и турнирот што ги сакам“, кажа Ѓоковиќ во кусо соопштение.

    Ѓоковиќ е сместен во имиграциски притвор во хотел во Мелбурн, истото место каде што беше однесен кога пристигна во Австралија на 6 јануари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира