ГОЛЕМ ПАД НА ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И МЕСИНЏЕР, НЕ РАБОТАТ СО ЧАСОВИ

    ГОЛЕМ ПАД НА ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ И МЕСИНЏЕР, НЕ РАБОТАТ СО ЧАСОВИ„Фејсбук“ не ја кажа официјалната причина за прекинот (Фото: Гети)

    Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Вотсап се соочуваат со еден од најголемите прекини во работата досега. Сите четири услуги се во сопственост на „Фејсбук“ и не може да им се пристапи и од компјутер и преку смартфон апликациите.

    „Даундетектор“, кој следи вакви прекини, објави дека има речиси 80.000 пријави на Вотсап и повеќе од 50.000 на Фејсбук. Податоците од сајтот сугерираат дека прекинот се случува низ цел свет.

    Проблемите со пристапот почнале околу 17 часот по македонско време, а сервисите на „Фејсбук“ целосно паднале 40 минути подоцна.

    „Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем да пристапат до нашите апликации и производи. Работиме на тоа да ги вратиме работите во нормала најбрзо што може“, објави „Фејсбук“ на ривалската социјална мрежа Твитер.

    Од компанијата не ја кажаа официјалната причина за прекинот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира