ГОВОРИ НА ХИТЛЕР ЕМИТУВАНИ ПРЕКУ РАЗГЛАСОТ ВО ВОЗ ВО АВСТРИЈА

    ГОВОРИ НА ХИТЛЕР ЕМИТУВАНИ ПРЕКУ РАЗГЛАСОТ ВО ВОЗ ВО АВСТРИЈАОператорот вели дека имало неколку вакви инциденти последниве денови. (Фото: Гети)

    Патниците во меѓуградски воз во Австрија вчера беа вџашени кога преку разгласот беше пуштена снимка од говор на Адолф Хитлер. Наместо вообичаените најави, можеше да се слушне и звук на толпа која извикува „Хајл Хитлер“ и „Сиг Хајл“ од системот за озвучување во возот. Операторот рече дека имало неколку вакви инциденти последниве денови.

    Еден патник на линијата Брегенц-Виена изјави за Би-Би-Си дека сите во возот биле „целосно шокирани“. Дејвид Стогмулер, пратеник од Партијата на зелените, рече дека говорот на нацистичкиот германски лидер се слушал преку звучниците непосредно пред возот да пристигне во Виена.

    „Прво имаше 30 секунди говор на Хитлер, а потоа слушнав „Си хајл“. Стогмулер рече дека персоналот на возот не можел да ја запре снимката и дека не можел да дава свои соопштенија. „Еден член на екипажот беше навистина вознемирен“, додаде тој.

    Во соопштението од Австриските федерални железници (ОББ) се вели: „Јасно се дистанцираме од содржината. Можеме во моментов да претпоставиме дека соопштенијата биле пуштени од луѓе директно во возот преку интерфонот. Ние го пријавивме случајот во полиција“, соопшти ОББ.

    Поднесени се пријави против две лица.

    Стогмулер рече дека добил е-пошта од маж кој бил во возот со повозрасна жена која преживеала концентрационен логор. „Таа плачеше“, рече тој. Тој рече дека друг патник рекол оти кога во други земји има технички проблеми, тоа обично е поради расипан клима уредот. „Во Австрија техничкиот проблем е Хитлер“, рекол тој.

    Хитлер е роден во Австрија и емигрирал во Германија во 1913 година како млад човек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира