ГРЧКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ПРЕДЛАГА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО

    ГРЧКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ПРЕДЛАГА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНОКатерина Сакеларопулос и премиерот Мицотакис велат дека јавното здравје е прво место (Фото: Интајм)

    Грчката претседателка Катерина Сакеларопулос изјави дека се залага за задолжително вакцинирање против ковид-19 зашто уставот на никого не му дава право да загрозува други. Сакеларопулос, која е високорангирана судијка, дискутираше за оваа тема на средбата со премиерот Мицотакис.

    „Надвор од заштитата на јавното здравје, уставот на ниеден начин не го признава правото да се загрозуваат животот и здравјето на други. Оттука, слободниот избор е ограничен со правата на другите“, изјави Сакеларопулос.

    Средбата се одржа набргу откако Мицотакис навести во парламентот дека владата предлага да се воведе задолжително вакцинирање на сите здравствени работници и вработени во старечките домови. Според Мицотакис, јавното здравје мора да се стави на прво место.

    „Верувам дека е суштински да се дискутира за задолжителното вакцинирање, што е веќе почнато во некои земји, за да не се поткопаат социјалната солидарност и чувството за општествена одговорност“, кажа Сакеларопулос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира