ГРЧКАТА ВЛАДА ГИ ПРОШИРУВА СТРОГИТЕ РЕСТРИКЦИИ И НА СОЛУН, СЕ ВОВЕДУВА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    ГРЧКАТА ВЛАДА ГИ ПРОШИРУВА СТРОГИТЕ РЕСТРИКЦИИ И НА СОЛУН, СЕ ВОВЕДУВА И ПОЛИЦИСКИ ЧАСПремиерот Мицотакис утре ќе објави нов акциски план за да се стави под контрола ширењето на коронавирусот (Фото: Екатимерини)

    Грчката влада ќе ги прошири строгите рестриктивни мерки на уште три регионални единици, вклучувајќи го и Солун. Премиерот Кирјакос Мицотакис утре ќе објави нов акциски план, што треба да помогне да се стави под контрола последното ширење на коронавирусот.

    Ова предвидува локализирано затворање на Солун, Лариса и Родопи, откако тоа денеска беше воведено и во Серес и Јанина.

    „Како што брзо реагиравме во првата фаза, сега мора повторно да преземеме построги мерки за да се спречи најлошото, да спасиме животи и да го олесниме притисокот врз здравствениот систем“, кажа Мицотакис.

    Тој додаде дека планот ќе биде на сила еден месец и предвидува задолжително носење маска на отворено и во затворено и општа забрана за движење во ноќните часови. Сите собири на јавни и приватни простори се забрануваат, но продавниците и училиштата ќе останат отворени.

    Во Грција вчера имаше 1.547 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден досега.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира