ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР МИЦОТАКИС ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ ЗА МЕНЕ, КАЖА ЕРДОГАН

    ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР МИЦОТАКИС ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ ЗА МЕНЕ, КАЖА ЕРДОГАНМицотакис и Ердоган требаше да се сретнат подоцна оваа година (Фото: Гети)

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека веќе не го признава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и нема да се сретне со него подоцна оваа година. Тој го обвини Мицотакис дека се обидел да ја спречи продажбата на американските борбени авиони „Ф-16“ на Турција кога бил во посета на САД.

    За мене не постои веќе никој кој се вика Мицотакис“, изјави Ердоган.

    Грција кажа дека нема да дозволи да ја вовлечат во конфронтација на изјави.

    Последниот спор следува додека Турција се заканува со блокада на проширувањето на НАТО. Таа ги обвини Финска и Шведска дека им даваат засолниште на припадниците на курдската милиција и затоа претставуваат ризик за Турција.

    Ердоган ја обвини и Грција дека им дава засолниште на терористи и додаде дека нејзиниот прием во НАТО во 1980 била грешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира