ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУД ИМ НАЛОЖИ НА СУДИИТЕ ПРИОРИТЕТ ДА ИМ БИДАТ СЛУЧАИТЕ СО НЕЛЕГАЛНИ ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ НА ПЛАЖИТЕ

    ГРЧКИОТ ВРХОВЕН СУД ИМ НАЛОЖИ НА СУДИИТЕ ПРИОРИТЕТ ДА ИМ БИДАТ СЛУЧАИТЕ СО НЕЛЕГАЛНИ ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОРИ НА ПЛАЖИТЕЛежалки на плажа на грчкиот остров Родос. (Фото: СДК.МК)

    Претседателката на грчкиот Врховен суд Јоана Клапа ги повика судските власти да се погрижат правдата да биде задоволена во врска со бројните случаи на нарушување на урбанистичкото планирање и животната средина на плажите со нелегално поставени лежалки и чадори, тема што стана главна вест во земјата летово.

    Поконкретно, Клапа им испрати итен допис на претседателите на основните судови, со кое побара од нив да посветат посебно внимание на ваквите случаи. Нивната должност, вели таа во дописот, е да го спроведуваат принципот на владеење на правото и да го бранат јавниот интерес.

    „Според уставот, плажите и крајбрежјето се јавно и општествено добро. Нивната главна намена, како јавна сопственост, е да бидат слободно достапни за јавноста“, се вели во дописот од Врховниот суд.

    Летово во Грција почнаа протести против нелегално окупираните плажи од приватни сопственици, кои не дозволуваат пристап на плажите, освен ако не им се плати за лежалки и чадори.

    Неделава имаше десетици апсења за нелегално поставена опрема на плажите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира