ГРЦИЈА ГИ АПСИ ТАКСИСТИТЕ ШТО ГИ МАМАТ ПАТНИЦИТЕ НА КРИТ

    ГРЦИЈА ГИ АПСИ ТАКСИСТИТЕ ШТО ГИ МАМАТ ПАТНИЦИТЕ НА КРИТТаксистите на патниците им барале повисока цена за превоз од онаа што била прикажана на таксиметарот и на издадените сметки. (Фото: Екатимерини)

    Властите во источниот дел на Крит уапсија тројца таксисти осомничени за измама на патници, соопшти полицијата.

    Според полицијата, тројцата мажи биле фатени на 15 јуни во рамките на акцијата спроведена од полицајци во Агиос Николаос.

    Во соопштението се вели дека осомничените, на возраст од 48, 47 и 25 години, од своите клиенти барале повисока цена за превоз од онаа што била прикажана на таксиметарот и на издадените сметки.

    Полицијата соопшти дека напорите за сузбивање на нечесните таксисти ќе продолжат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира