Грција ги откажа сите карневалски манифестации во земјата откако бројката заразени од коронавирусот се зголеми на три во последните 24 часа.
Министерството за здравство објави дека коронавирус има уште еден жител на Солун, роднина на 38-годишната жена која неодамна била во Италија и која вчера беше потврдена како прв случај.
Трето заразено лице е жена од Атина, која исто така неодамна се вратила од северна Италија, каде што се наоѓаат најпогодените региони Ломбардија и Венето.
Грчките медиуми објавија дека 38-годишната жена е дизајнерка која била на Модната недела во Милано, еден од најпрестижните настани во светот на модата.