ГРЦИЈА ОД УТРЕ ГИ УКИНУВА ТЕСТОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ НА ВАКЦИНИРАНИ

    ГРЦИЈА ОД УТРЕ ГИ УКИНУВА ТЕСТОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ НА ВАКЦИНИРАНИГраничниот премин „Богородица“. (Фото: СДК.МК)

    На вакцинираните и прележаните од утре нема да им биде потребен тест за ковид-19 за влез во Грција, соопшти грчкиот министер за здравство Танос Плеврис.

    Туристите со валиден ЕУ дигитален сертификат ќе можат слободно да влезат во Грција, додека за невакцинираните останува задолжителен негативен ПЦР или брз тест.

    Вчера во Грција беа регистрирани 16.023 случаи на коронавирус и 71 починати.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира