ГРЦИЈА СЕ СООЧИ СО НАЈСИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ДОСЕГА РЕГИСТРИРАНИ, ИМА МРТВИ И ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БУГАРИЈА

    ГРЦИЈА СЕ СООЧИ СО НАЈСИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ДОСЕГА РЕГИСТРИРАНИ, ИМА МРТВИ И ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БУГАРИЈАНајголемите штети се предизвикани во градот Волос, каде што еден маж загина (Фото: АФП)

    Бурата Даниел остави трага на уништување во централна Грција, додека илјадници луѓе се соочуваат со досега невидени услови. Најголемите штети се предизвикани во пристанишниот град Волос, каде што еден маж загина, а уште едно лице се води како исчезнато.

    Многу села во планинскиот регион Пелион остануваат блокирани поради невремето. Реки се излеаја од своите корита, патишта се пресечени на пола и има паднати мостови.

    Метеоролозите предупредуваат дека ова се најсилните дождови досега регистрирани во Грција. Во Загора во Пелион наврнале 500 милиметри дожд во еден ден, во услови кога годишните врнежи во Атина изнесуваат 400 милиметри.

    Граѓаните навреме беа известени за невремето, но беше тешко сите да се евакуираат пред да почне. Во селата во Пелион и натаму има доста туристи и жители“, изјави локален функционер од овој регион.

    Во Волос е поплавена и болницата, а луѓето со гумени чамци беа евакуирани од зградите во центарот.

    Премиерот Кирјакос Мицотакис смета дека климатските промени се виновни за годинашните големи пожари и поплави во земјата, но и призна дека владата не се справувала со нив како што треба.

    Се плашам дека безгрижните лета што ги знаевме веќе нема да ги има и дека во следните години ќе биде уште потешко“, кажа Мицотакис.

    Покрај Грција, со поплави се борат и Бугарија и Турција. Бугарските власти потврдија дека две жени загинале во општината Царево, а уште три лица се водат како исчезнати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира