ГРЦИЈА ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА

    ГРЦИЈА ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКАКатерина Сакеларопулу моментално е претседателка на највисокиот суд во Грција (Фото: Ројтерс)

    Грција е на прагот да ја добие првата претседателка во својата историја откако премиерот Кирјакос Мицотакис предложи прогресивна судијка да дојде на оваа функција.

    Во држава навикната на двопартиска политика, Мицотакис повлече необичен потег и за нов претседател ја номинираше 62-годишната Катерина Сакеларопулу.

    „Дојде време Грција да се отвори кон иднината“, кажа Мицотакис во неочекувано телевизиско обраќање.

    Неговиот предлог ги изненади, но доби поддршка од опозициските партии. Сириза на бившиот премиер Ципрас соопшти дека ќе гласа за Сакеларопулу, исто како и партијата Кинал, со што таа би добила поддршка од најмалку 266 пратеници.

    Сакеларопулу, која е родена во Солун, моментално е претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција. Таа ќе го наследи Прокопис Павлопулос, чиј мандат истекува во март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира